БиХ,Косово - тероризам
2 мај 2007Американскиот Стејт Департмент констатираше дека Босна и Херцеговина е и натаму слаба држава. Во годишниот извештај за тероризмот во светот, Стејт Департментот констатира дека слабоста на државата ја користат терористите кои на територија на Босна и Херцеговина формираат засолништа и ја прават потенцијално место за планирање операции ширум Европа.
Во истиот извештај Стејт Департментот констатира дека на Косово продлжуваат да делуваат екстремисти,индивидуално и во групи,предизвикувајќи насилства,понекогаш и со напади на владини и згради на ОН.Во покраината делуваат одредени невладини организации,за кои постои сомнеж дека се финансирани од исламските и албанските екстремистички движења,стои во извештајот.Дел од вината за состојбата според него е во лошо чуваните граници на Косово.