Борба за секој метар во Алепо
10 август 2012Сириските владини трупи, според дописнички информации, отвориле жесток оган во некои населби на економската метропола Алепо. Бунтовниците наведуваат дека по силните артилериски и воздушни напади предале неколку улици и се повлекле од населбата Салахедин. Се’ повеќе луѓе бегаат од градот. Црвениот крст, за првпат по повеќе недели, успеа да достави храна и лекови во Алепо.
Во меѓувреме во Њујорк дипломатите работат на именување нов специјален пратеник за Сирија на ОН и Арапската лига за да и се стави крај на граѓанската војна во земјата. Таа улога би можело да ја преземе поранешниот алжирски министер за надворешни работи Лакдар Брахими. Според дипломатите на ОН, 78 годишниот Брахими е најизгледниот кандидат за наследник на Кофи Анан. Како други кандидати се споменуваат поранешниот генерален секретар на НАТО Хавиер Солана и поранешниот шпански министер за надворешни работи Мигел Анхел Моратинос. Досегашниот специјален пратеник Анан минатата недела поднесе оставка откако пропадна неговата иницијатива за Сирија.