Босна и Херцеговина доби уште неколку дена за договор за реформа на полицијата
2 октомври 2007Реклама
ЕУ и‘ дава на Босна и Херцеговина уште неколку дена за постигнување спогодба за реформа на полицијата. Високиот претставник на меѓународната заедница во БиХ, Мирослав Лајчак, изјави дека е видлив новиот степен на ангажираност на политичките лидери за постигнување спогодба и додаде дека нивните напори се охрабрувачки. Со реформата на полицијата треба да се постигне обединување на српските и муслиманско-хрватските полициски сили, кои беа поделени по етничка основа по војната што заврши во 1995 година. Полициските реформи се клучен услов за БиХ да потпише со ЕУ Спогодба за стабилизација и асоцијација.