Босна и Херцеговина на пат кон членство во ЕУ
5 декември 2007Реклама
Весникот „Зидојче цајтунг“ во коментарот под наслов „Блокада на Босна“ пишува:
„Мирослав Лајчак постигна значајна победа. Високиот претставник на меѓународната заедница успеа во намерите да се поедностави процедурата за гласање во парламентот на земјата што е важен чекор за Босна и Херцеговина, со кој во иднина во ова државно тело ќе може да се носи одлука со мнозинство. Па сепак прерано е да се говори за тоа дека политичката криза во земјата е окончана. Имено, никој не знае како понатамошниот развој на ситуацијата на Косово ќе се одрази во Босна и Херцеговина. Поради тоа разумна е одлуката европските трупи и понатаму да останат стационирани на Балканот“, пишува весникот и додава „Од друга страна и ЕУ покрена важна стратегија. Парафирана е спогодбата за стабилизација и асоцијација која треба да поттикне нови реформи во земјата, во која поедини политичари често од лични мотиви спречуваат напредок. Така по долго време конечно на повидок е и реформа на полицијата. Треба да се создаде таква полиција која на пример, ќе може да ги апси и бара криминалците од едниот ентитет во другиот и обратно. Без меѓународен притисок тешко дека од ова ќе произлезе нешто“, заклучува во написот посветен на Босна и Херцеговина, весникот „Зидојче Цајтунг“.
На оваа тема „Ди Велт“ од Берлин пишува:
„Дванасет години по војната се уште нема меѓусебна доверба меѓу босанските Срби, босанските Хрвати и Бошњаците. Секој има своја полиција, свој премиер и сопствен образовен систем. Летоска, меѓународниот претставник Мирослав Лајчак го суспендираше шефот на полицијата на босанските Срби и 35 полицајци од овој ентитет поради сомневање дека учествувале во масакрот во Сребреница. Во мај, од затвор во Република Српска избега еден обвинет за воени злосторства, и тоа наводно со помош на полицијата на босанските Срби. Во Брисел сега има надеж дека приближувањето кон ЕУ ќе ги зближи и поделените страни во земјата. Бидејќи околу 70% од луѓето во Босна и Херцеговина сакаат да земјата што побрзо да стане членка на ЕУ. Се надеваат дека со отворањето на можноста за слободно патување, отварање на пазарот на работа и нови инвестиции кои ќе донесат работни места, ќе исчезнат и конфликтите“, заклучува весникот „Ди Велт“

Реклама