1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бундесверот ќе учествува и во мисијата на ОН во Судан

16 ноември 2007

Широка подршка во Бундестагот за новиот ангажман на германските војници – само Левичарската партија беше против. Мисијата во Судан е досега најголемата во историјата на ОН. Бундесверот ќе помогне во транспорт на трупите.

https://p.dw.com/p/CI29
Судан - нова мировна мисија на германските војнициФотографија: AP

Во Судан од 2003-та, од избивањето на конфликтот во кој разни бунтовнички групи се борат против владата - но и меѓусебе, досега загинаа меѓу 200 и 400 илјади лица. „Токму таа непрегледна ситуација е причина шт луѓето таму мораат толку да страдаат. Таквата страшна ситуација не обврзува да помогнеме и таму. Ситуацијата ги обврзува ОН да интервенираат, а нас да помогнеме при тоа“ – рече во дебатата Екарт фон Кледен од фракцијата на партиите на Унијата ЦДУ/ЦСУ.

Со решението ан Бундестагот, во мисијата што ќе започне од јануари наредната година, ќе учествуваат и 250 германски војници. Во досега најголемата мисија на сините шлемови на ОН ќе учествуваат вкупно 26 илјади војници и полицајци, како и 5500 цивили од 50 земји. Бундесверот треба да помогне кај воздушниот транспорт на трупите од мисијата.