Германија и Индија ќе се поддржуваат во амбициите да добијат постојано место во Советот за безбедност на ОН
14 јули 2004�т за безбедност на ОН. Такви амбиции има и Индија.
Германија и Индија сакаат постојано место во највисокото тело на светската организација и притоа имаат намера меѓусебно да се поддржуваат, обете бараат реформа на ОН и проширување на Советот за безбедност. Во 21-от век тој мора да биде порепрезентативен, се согласија министрите за надворешни работи Јошка Фишер и Натвар Синг на средбата во индискиот главен град. Една голема земја во развој како Индија би требало да добие постојано место, како и индустриските нации кои битно придонесуваат за одржување на меѓународниот мир и безбедност – се мисли на Германија; јасна најава на двете влади во барањето поголема тежина на светската политичка сцена и јасни сигнали во насока кон САД и нивната позиција на главна сила. “Сметаме дека системот на ОН е решавачки за еден мултикултурен свет во 21-от век. Но, тој мора да биде реформиран, мора да биде порепрезентативен, за да ја одразува реалноста на почетокот на 21-от век. Германија и Индија се гледаат себе си како природни кандидати за постојани места во еден прошиен Совет за безбедност. Ние притоа меѓусебно ќе се поддржуваме” – изјави германскиот министер.
“Климата за реформа на ОН е поволна. Меѓународното јавно мислење е за драстична реформа на ОН, едноставно затоа што тие не ја отсликуваат реалноста. Кога во денешниов свет ОН се одминуваат и едностраната политика добива предност пред повеќестраната, тогаш нешто е погрешно во светскиот поредок” – рече индискиот министер Синг.
Јошка Фишер е прв министер за надворешни работи од западните земји што им направи посета на новиот индиски премиер Манмохан Синг и на министерот Натвар Синг.
Во Пакистан тој ќе се соочи со сомничавоста со која таму се гледа на индиската желба за место во Советот за безбедност поради конкуренцијата на двете земји за поголемо влијание во светската политика и поголема своја тежина во ОН. Истовремено, тие се и во процес на бавно приближување по децениите на конфликт. Германија го поддржува дијалогот, јасно стави на знаење Јошка Фишер. Додека светот се возбудува поради граничната ограда меѓу Израел и палестинските подрачја, германскиоот министер не најде ништо погрешно во оградата од бодликав тел, што Индија деновиве ја завршува во поделениот Кашмир: “Треба да биде сторено се‘ против тероризмот и се‘ за да се засили дијалогот меѓу двете држави. Ќе видите: кога еднаш ќе помине затегнатоста и ќе има добрососедство, тогаш оградите веќе не се проблем”.
Од Њу Делхи Фишер сепак прво патува за Пекинг.