Дали исчезнатото оружје во Ирак е од Босна и од Србија?
7 август 2007Во Вашингтон пост пишува:
“ Во Ирак без трага изчезнаа 190 илјади пиштоли автоматски пушки од типот калашњиков. Американското министерство за обрана не знае што се случило со оружјето кое било наменето за ирачките сили за безбедност- пишува овој весник повикувајќи се на извештај на американската агенција за контрола ГАО. Станува збор за оружје кое било испорачано во Ирак во 2004-та и 2005-та година.
Американската влада стравува дека тоа оружје стигнало во рацете на бунтовниците , кои се борат против американските сили во Ирак. Покрај автоматските пушки и пиштолите исчезнале и непробојни панцирни кошули и шлемови. Поголемиот дел од оружјето кое е испорачано во Ирак потекнува од земјите на поренешниот источен блок- пишува весникот истакнувајќи дека е занимлива информацијата дека во периодот од 2004-та и 2005-та година , според наодите на организацијата за заштита на човековите права , Амнести Интернешнл во Ирак со согласност на НАТО се испорачани 350 илјади автоматски пушки и друг вид оружје од Босна и Херцеговина и Србија .
Според извештајот на Американската агенција за контрола ГАО, командата на американските сили во Ирак не знае по кои канали и во чии раце заминало 30 насто од вкупно испорачаното оружје во периодото од 2004-та година до почетокот на 2007-ма година .
Од 2003-та година САД потрошија 19,2 милијарди долари за вооружување на ирачките сили за безбедност . Министерството за одбрана неодамна побара дополнителни 2 милијарди долари за да продолжи со програмата за обука и вооружување на ирачките безбедносни сили”
Пентагон досега ја нема демантирано информацијата на американската агенција за контрола . Во меѓувреме е наложено спроведување на интерна истрага. Потрагата по исчезнатото оружје е отежната поради недостатокот на сериски броеви на автоматските пушки и пиштолите за кои се смета дека се исчезнати- пишува Вашингтон Пост.