Дачиќ во Косовска Митровица
15 ноември 2013Српскиот премиер вчера изјави дека не патува во Косовска Митровица за да доживее свечен дочек, туку за уште еднаш да ги повика Србија да гласаат на повторените избори што ќе се одржат во недела (17.11).
„Ако претседателот на Владата не е добредојден во северна Косовска Митровица, тогаш е тоа прашање над кое би требало да се замислат“, рече Дачиќ.
Во северна Косовска Митровица во недела ќе бидат повторени локалните избори во три изборни центри. Изборите во тие центри на 3 ноември беа прекинати околу 17 часот, откако во нив упаднаа маскирани лица и ги искршија гласачките кутии.
Српскиот премиер Дачиќ вчера, по повод повторените избори во северниот дел на Митровица, разговараше со шефот на мисијата на ЕУ во Косово- ЕУЛЕКС, Бернд Борхарт, по што оцени дека „мисиите ЕУЛЕКС, КФОР и УНМИК треба што подолго да останат во Косово за да го гарантираат мирот и безбедноста на сите граѓани и особено на Србите“.
„Ние сме против намалувањето на компетенциите и функциите на УНМИК, ЕУЛЕКС и КФОР, како што предлага Приштина, затоа што Србите немаат доволно доверба во органите на власта на Приштина“, рече Дачиќ.