1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ ќе ги прошири санкциите на ОН против Иран

23 јануари 2007

Министрите за надворшени работи на Европската унија на вчерашната средба во Брисел донесоа и заклучоци за спроведување на санкците на Обединетите нации против Иран. Техеран во меѓувреме им забрани на меѓународните инспектори влез во Иран, како реакција на санкциите:

https://p.dw.com/p/AdlV
Штајнмајер и Лариџани: Иран засега нема намера да попушти во атомскиот спор
Штајнмајер и Лариџани: Иран засега нема намера да попушти во атомскиот спорФотографија: AP

Обединетите нации ги поставија рамките на санкциите против Иран, но Европската унија има намера да ги прошири: Иранците што се поврзани со атомската програма нема да можат да патуваат во земјите на Европската унија, а ќе бидат замрзаните нивните конта. Договорено е и ембарго за извоз на сите стоки што Иран би можел да ги злоупотреби за неговата атомска програма. Во принцип ваквото ембарго веќе постои, но Унијата има намера кон таа мерка колку што е можно, да се приклучат и трети земји. Претседавачот на Унијата, германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмајер изјави:

„Мислам дека ова е јасен сигнал за нашата решителност. Ова го врзуваме и со нашата готовност да продолжиме по двојниот колосек: на располагање сме за преговори, ако иранската страна покаже готовност за тоа. Што е потребно за тоа на иранската страна и е познато со месеци„.

Во меѓувреме, американската влада остро ја критикуваше владата во Техеран поради забраната за патување во Иран за инспекторите на меѓународната агенција за атомска енергија. Тоа покажува дека Иран не ја почитугва меѓународната заедница, изјави портпарол на министерството за надворешни работи во Вашингтон. Иранскиот министер за надворешни работи Манухер Мотаки во Техеран изјави дека забраната е воведена како реакција на санкциите на Обедиентите нации против неговата земја.