Заедничка набљудувачка мисија во Сирија?
9 февруари 2012Се размислува за заедничка набљудувачка мисија со Арапската лига, изјави генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун. Тој нагласи дека длабоко жали што Советот за безбедост не е во состојба да зборува во еден глас за да се запре насилството во Сирија.
Бан Ки Мун рече дека пропаѓањето на резолуцијата во Советот за безбедност е „кататсрофално“ за луѓето во Сирија и тоа го охрабрило сириското раквоодство „да ја заостри борбата против сопствениот народ“.
Русија и Кина пред неколку дена со своето вето ја запреа резолуцијата на Советот за безбедност со која, меѓу другото, се бараше оставка на претседателот Башар ал-Асад.
Според наводи на дипломати на ЕУ, во моментов се засилуваат претставиштвата на Унијата во Јордан и Либан, за доколку е потребно, да можат да се грижат за „неколкуте илјади“ Европејци кои живеат во Сирија.
Автор: Елизабета Милошевска Фиданоска/дв/афп
Редактор: Б. Георгиевски