Керим избран за претседател на ГС на ОН
25 мај 2007Реклама
Поранешниот министер за надворешни работи на Македонија Срѓан Керим е избран за претседател на Генералното Собрание на ОН , за неговата 62-ра сесија која започнува во септември . 192-членото тело на Светската организација ја прифати номинацијата на Керим за врвната функција со акламација. Позицијата претседател на Генералното собрание на ОН ја извршуваат еминентни политичари по принцип на ротација . Оваа година беше редот на земјите од Источна Европа кои го прифатија предлогот на Македонија , Срѓан Керим една година да ја извршува оваа должност .Поранешнито македонски министер на функцијата ќе ја замени Шеика Хаја Рашед Ал Калифа која беше предложена од земјите од Блискиот Исток.