1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Конференција за сида на ОН

1 јуни 2006

Во Њујорк од синоќа во тек е тродневна конференција на која треба да бидат поставени насоките за долготрајна стратегија во борбата против сидата. Иако според најновиот извештај на ОН болеста бавно се шири, сидата ни од далеку не е победена

https://p.dw.com/p/Aesp
Заболен пациент во Кина
Заболен пациент во КинаФотографија: AP

На Јукенсани Мубаса и беше препуштено на преставниците на 191 земја членки на ОН, а пред се на делегатите од Африка, јасно да им стави до знаење, дека сидата не остава време за големи говори и очекувања кои не се остваруваат. Жените се тие кои очекуваат и на кои им се потребни итни општествени промени:

„ Во атмосферата на човековите права, каде секој поединец може да одлучува за своето тело достоинство и почитување на животот, сидата не може да биде победник„

Повеќепати силуванта јужноафриканка, која мачителите ја заразиле со вирус на сида, многу појасно од извештајот на ОН нагласи колку малку е сторено во последните пет години, од времето кога беше донесена одлука за глобалните цели за борба против сидата.

„ Јукенсани ни го предочи лицето на ХИВ вирусот. Би требало да го зголемиме за да можеме да сватиме за што се работи„ рече претседателот на генералното собрание Јан Елајасон, кој во својот говор не криеше дека е сторено малку во борбата против запирање на ширењето на болеста

Генералниот секретар на ОН Кофи Анан:

„ Најголем дел од сите земји не ги исполнија поставените цели во декларацијата за сидата. Овие пропусти се смртоносни. На пример мнозинството земји до сега на младите не им укажа јасно за каква опасност станува збор„

Тој смета дека заради тоа расте бројот заболени кај младите. Сидата е болест на младите, жените и сиромашните, рече Анан и додаде:

„ Заразата со сида меѓу младите жени е во пораст во целиот свет и двојно е поголема кај жените отколку кај мажите„

Зошто е тоа така може да се заклучи од протоколот на исказот на Јукенсани Мабасе. Само доколку жените сами можат одлучуваат за своето тело, доколку се сузбие сексуалното искористување и доколку земјите ги почитуваат човековите права, светот ќе има шанса во борбата против болеста, нагласија Мабаса, Елајасон и Анан. Кај бројката 39 милиони носители на ХИВ вирусот, 25 милиони мртви како последица на болеста и 11.000 новозаразени станува збор за иднината на светот