Косово ОН
9 мај 2007Реклама
САД и нивните европски сојузници ги скицираа елементите за резолуција на ОН, која ќе понуди независност на Косово, врз основа на предлог на Марти Ахтисари. Русија од своја страна изнесе предлог до Советот за безбедност на ОН во кој се наведува дека е прерано да се донесе одлука за статусот на Косово и дека е неопходно да се продолжат преговорите меѓу Белград и Приштина. Специјалниот претсатвник на ЕУ за Косово Штефан Лене од своја страна смета дека ќе потрае работата врз предлог резолуцијата. Аналитичарите сметаат дека расправата за Косово ќе доживее кулминација на самитот на Г8 во Германија што ќе се одржи од 6 до 8 јуни.