Напад во Пакистан
29 април 2007Реклама
Пакистанскиот министер за внатрешни работи Афтаб Кан Шерпао за малку избегна смрт при самоубиствен напад. Во експлозијата на бомба во градот Шарсада, тој бил само лесно ранет, но во атентатот загинале најмалку 26 други лица. Атентаторот го активирал експлозивот за време на една јавен настап на министерот. Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.