Помал буџет
25 декември 2011Во споредба со буџетите од 2010 и 2011 година, ОН ќе имаат пет проценти помалку пари. Ова е вторпат во 50-годишната историја на светската организација да биде договорен понизок буџет. Кратење на средствата имаше и во 1998 година. Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун, им се заблагодари на земјите членки.
Согласноста е постигната по долги преговори и судири меѓу земјите во развој и индустриските држави, кои даваат најмногу пари за ОН. Само САД треба да обезбедат 22 проценти од средствата за буџетот на светската организација. Штедење, покрај САД, бараат и многу европски држави.
Во буџетот договорен вчера, не се внесени трошоците за мировните мисии на ОН. Тие изнесуваат над 7 милијарди долари годишно.
Автор: ЕМФ/афп/ртр
Редактор: Симе Недевски