ОН ги испитува обвинувањата за корупција
22 април 2004Репортерот на Еј Би Си, Брајан Рос објави докази од Багдад за директна вмешаноста на директорот на на програмата на ОН “ Нафта за храна“ Бенан Сиван во скандалот тежок милијарди.
“ Едно писмо на ирачкиот министер за нафта, кое сеуште не е на увид во ОН, го споменува директорот на програмата, и дава упатства, која фирма ја извршувала неговата трговија со нафта. “
Станува збор за 7,3 милиони барели нафта во вредност од 3,5 милиони долари. Оваа сума е повеќе од доволно да се рашират лоши гласини во меѓународната заедница. Ова го знае и генералниот секретар Кофи Анан.
“ Тоа се тешки обвинувања, кои сериозно ќе ги сфатиме.“
ОН формираше комисија за истражување на случајот. Под водство на поранешниот шеф на емиоината банка Пол Волкер, комисијата ќе го испитува случајот, за кој постои сомневање дека се вмешани три високо рангирани сорабтници на ОН. Волкер сака да ги испита сите документи.
“Што и да излезе од истрагата, и кога тука нешто смрти, мора да се исчисти. “