ОН да го засили ангажманот во Ирак-бараат Вашингтон и Лондон
2 август 2007Реклама
САД и Велика Британија бараат засилување на ангажманот на ОН во Ирак. Во таа насока тие поднесоа соодветна предлог-резолуција во Советот за безбедност на ОН. Според овој предлог, персоналот на Он во Ирак би требало да биде повеќекратно зголемен, за да помогне пред се во националното помирување во земјата. Инаку во моментов владата на национално единство се наоѓа во криза откако министрите на највлијателната сунитска партија го напуштија кабинетот напремиерот Нури Ал Малики.