ОН – Ирак
25 април 2007Реклама
ОН ја обвинија ирачката влада дека го држи во тајност бројот на убиените во Ирак. Во кварталниот извештај за состојбата со човековите права во Ирак, ОН констатираат дека владата на Нури Ал Малики веќе не го јавува бројот на загинати. Спорот се јави поради еден извештај за бројот на жртвите од 2006 година. Ирачката влада смета дека бројот од 34. 400 загинати за кој говорат ОН е превисок.