1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ОН повторно упатија повик до Судан да стави крај на насилството кое владее во регионот Дарфур

12 август 2004

Безбедносната состојба во западниот кризен регион Дарфур го прави невозможен планот за враќање на бегалците во своите домови. Преставници на ОН бараат од властите да сторат повеќе за запирање на насилствата во Дарфур, каде според нивните информации и натаму продолжуваат убиствата.

https://p.dw.com/p/Ad7A
Дете од Дарфур
Дете од ДарфурФотографија: AP

Кити Мек Кинси преставник на УНХЦР повторно повика на поголема помош од меѓународната заедница

"Прашањето е повеќе за земјите донатори кои само седат и фаќаат забелешки. УНХЦР уште од минатата година се обидува да го привлече вниманието на проблемот во Дарфур.Мислам дека агенциите на ОН не знаат што се случува, се обидуваме да најдеме некое решение, но за жал ние сме целосно зависни од земјите донатори кои треба да ни ги дадат потребните финансиски средства за да ја завршиме нашата работа"

Властите во западен Дарфур велат дека таму веќе не владее насилство

"Овде веќе нема никакво насилство, нема никакво присилно враќање во домовите, туку само доброволно. Луѓето самите доаѓаат во нашата канцеларија и бараат да ги однесеме во нивните домови. И заради повеќе потешкотии на некои им помогнавме а на некои не успеавме“ изјави Хабиб Ахмед Мактум вицегувернер на западен Дарфур