ОН со осуда за властите во Белорусија
22 ноември 2007Реклама
ОН ги осуди властите во Белорусија за односот кон нивните критичари. Во таа земја опозиционите политичари се затворани, независните медиуми згаснуваат, а изборните резултати се фалсификуваат. Во резолуцијата на комисијата за човекови права на Светската организација се вели дека владата во Минск го инструментализира правосудството во свои цели. Белорусија ги отфрла ваквите обвиненија. Поранешната советска република често се означува како „последната диктатура во Европа“.