ОН со резолуција за Судан
2 април 2005За резолуцијата гласаа 11 од 15 членки. Својот глас не го дадоа САД, Кина, Алжир и Бразил. Резолуцијата предвидува меѓународниот крвичен суд во Ден Хаг да биде одговорен за сите воени злосторстава сторни во суданскиот кризен регион Дарфур од 1 јули 2002 година. Францускиот амбасадор во ОН Жан Марк де ла Саблир по седницата истакна
„Има само еден победник; оние кои се борат против тероризмот. Има само еден губитник: сите оние кои извршиле криминални дела во Дарфур. Тоа е победа во борба против накзнивоста.“
Суданската влада ја одби резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за конфликтниот регион Дарфур. Неможе да се прифати Суданците да бидат изведени пред суд надвор од земјата, појасни раководството на владеачката Национална конгресна партија. Наспроти владата двете најважни бунтовнички групи во Дарфур ја поздравија резолуцијата.