1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ОН :успехот против тероризмот-Пирова победа

14 септември 2004

Светот мора да бара нови патишта за борба против меѓународниот тероризам,изјави синоќа пред Советот за безбедност во Њујорк раководителот на Комитетот за антитерор на ОН,чилеанскиот амбасадор Хералдо Муноз при презентирањето на извештајот за делотворноста на санкциите на ОН против терористичките групи.

https://p.dw.com/p/Ad4w
Осама бин Ладен и неговите терористи и натаму влечат конци
Осама бин Ладен и неговите терористи и натаму влечат конциФотографија: ap

Политички,Ал Каеда потфрли,талибанските пријатели ја загубија нивната единствена држава Авганистан.Но,успехот на ОН би можел да биде Пирова победа.Ал Каеда сега работи како децентрализирана мрежа која е потешко да биде контролирана.Бин Ладен нема повеќе постојан штаб во Авганистан,но сеуште тесни врски со Талибанците во граничната област со Пакистан.А Талибанците веќе долго не слегуваат од вистинската воена арена на меѓународната борба против теророт,што го покажуваат силните борби со американските трупи на југот на земјата.

И покрај тоа,Советот за безбедност на ОН,смета дека меѓународната заедница е успешна во пресметувањето со Бин Ладен и компанија,во што верува и претставникот на Берлин:

-Санкциите против Ал Каеда и Талибанците се основните правни претпоставки во борбата против теророт и тие се успешни.Иако бројот замрзнати конта и фатените припадници на границите изгледаат мали,предупредуцачкиот и заплашувачкиот ефект не треба да биде потценуван.

Листата на замрзнатите милиони на Ал Каеда меѓу Швајцарија и Пакистан во меѓувреме е импресивна,но истовремено раководителот на Антитерор комитетот на ОН ,чилеанскиот амбасадор Нералдо Муноз заклучува дека на Бин Ладен веќе речиси не му требаат пари откако не мора да го поддржува режимот на Талибанците и не ги одржува логорите за обука во Авганистан.

Нападите како оние во Мадрид или во Истанбул мрежата на убијци ја чинат само неколку илјади долари.

Муноз во својот извештај забележа уште нешто:иако функционира ембаргото за оружје,терористите,како во Шпанија или Саудиска Арабија,се снабдуваат од цивилни извори,особено со лесно ракувачки експлозиви.ОН би морале својата борба да ја прилагодат кон нова стратегија:

-Ние не би смееле да се колебаме, да пропуштиме или да бидеме задоволни со она што го постигнавме,не смееме никогаш ни да се занесуваме.

Извештајот на Муноз во моментов не гледа никакво директно влијание врз акциите на Талибанците.Затоа тој предупредува од опасноста Талибанците повторно да завладеат делови од нивната земја и Ал Каеда би го повратила овој регион. Американските трупи треба да го спречат тоа.193 цивилни соработници на ОН и околу 7500 војници на ИСАФ мисијата ,меѓу нив и германскиот контингент на западот на земјата и во главниот град,треба да ги поддржуваат авганистанските власти при изградбата на постабилни односи.

Последните судири во Херат и нападите врз припадниците на ОН,покажуваат дека сеуште е далеку до внатрешна стабилност и решавачка борба против Талибанците.