1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пакистан: апел за итна помош

agenturen24 октомври 2005

Во пакистинскиот регион зафатен од земјотресот, расте загриженоста за судбината на луѓето што останаа без покрив над главата со оглед на постојаното намалување на температурите. Во меѓувреме, регионот го погоди нов земјотрес со магнитуда од 6 степени. Ивештаи за жртви и штети засега нема.

https://p.dw.com/p/Acfv
Илјадници без покрив над главата, помошта стигнува бавно
Илјадници без покрив над главата, помошта стигнува бавноФотографија: AP

Центарот на потресот бил околу 140 километри северно од главниот град Исламабад. Од потресот на 8 октовмри од 7,6 степени, регионот го погодија стотици дополнителни потреси. Бројот жртви што официјално го објави влада на Пакистан изнесува повеќе од 51 илјада, но властите сметаат на околу 79 илјади жртви. Според Обединетите нации, за помош се потребни 312 милиони долари, а досега се пристигнати само 43 милиони. Командантот на американската команда - центар, генерал Џон Абизаид по посетата на кризниот регион вети нова помош:

„Размерите на уништувањето се огромни. Престојат огромни задачи, професионалниот дел го прави армијата. Меѓународната заедница треба да продолжи да помага. Сигурно можете да сметате и на натамошна помош од САД„.

Американците наскоро ќе испратат нови 15 хеликоптери. Единствената мобилна воена болница во саботата од базата во германскиот град Рамштајн беше упатена во регионот. И НАТО во петокот најави значително зголемување на помошта. Размерите на катастрофата доведоа до натамошно приближување во затегнатите односи меѓу Пакистан и Индија. Исламабад во саботата предложи отворање пет нови гранични премини за на луѓето од Кашмир непречено да може да им се доставува помош.

Обединетите нации вечра одново побараа нови донации за жртвите зашто во спротивно е загрозен животот на илјадници луѓе. Според Рашид Каликов, координатор за хуманитарна поддршка на Обединетите нации во Музафарабад, во Кашмир околу 800 илјади луѓе се без покрив над главата. Портпаролот на УНХЦР Михаел Цвак со апел:

„Нашата порака до меѓународната заедница е дека е итно потребен ’витаминот П’, односно пари„.