Пакистан, продолжуваат нападите
19 јули 2007Реклама
Најмалку шест лица загинаа а повеќе од 30 се повредеи во самоубиствен бомбашки напад пред една полициска академија во градот Хангу, Пакистан. Се јавува и за десет загинати во експлозија на еден пазар во градот Хуб Чок. Серијата насилства во Пакистан ескалираа по минатонеделните судири во Црвената Џамија во Исламабад во кои загинаа 75 радикални исламисти.