Пакистан – џамија
5 јули 2007Реклама
Пакистанските сили за безбедност денеска го зголемија притисокот врз забарикадираните исламисти во Црвената џамија во Исламабад. Тие упатија оклопни транспортери кон џамијата, кои се‘ уште не презеле офанзива. Претходно специјалците кренаа во воздух една од портите кон џамијата. Вториот човек на Црвената џамија, Абдул Рашид Гази и понатаму го одбива барањето на пакистанската влада за безусловна капитулација на забарикадираните ученици во коранското училиште при џамијата.