Пакистан – џамија
7 јули 2007Реклама
10-тина силни детонации го спречија најавениот петчлен преговарачки тим да влезе во ареалот на Црвената џамија во Исламабад. Во делегацијата имаше пратеници на пакистанскиот парламент, како и религиозни водачи, кои сакаа да донесат храна и лекови, но и да се обидат да го убедат лидерот на отпорот имамот Абдул Рашид Гази да се откаже од натамошни борби со пакистанските сили за безбедност. Во џамијата во центарот на Исламабад и понатаму се наоѓаат неколку стотии радикални исламисти од коранското училиште, кои ја критикуваат владата на Претседателот Первез Мушараф и бараат воведување исламска држава по углед на Авганистан во времето на владеењето на Талибанците.