1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Подготовки за Генералното Собрание на ОН

5 септември 2005

Амбасадорите на земјите членки на ОН викендов имаа маратонски преговори врзани со подготовката на Генералното собрание на ОН, на кое за две недели ќе биде изнесен главниот нацрт документ за реформа на светската органиѕација.

https://p.dw.com/p/AcjK

Претставници на 32 земји членки се уште не постигнале консензус за главните теми, меѓу кои се реформи на комисијата на ОН за човекови права, основање комисија за одржување на мирот, борбата против тероризмот, развој, разоружување и неширење на оружјето за масовно уништување, како и за заштита на народите на кои им се заканува геноцид.

Генералниот секретар на ОН Кофи Анан изрази увереност дека од 14 ти до 16 ти септември на самитот на 175 лидери од светот ќе биде усвоена опсежна реформа на светската организација, што тој ја предложи оваа година, а која би донела најголеми промени во ОН од нејзиното основање во 1948 та година.

Богатите држави ветиле дека ќе ја усвојата програмата за развој на сиромашните и земјите во развој, но за возврат Западот бара поддршка во борбата против тероризмот, почитувањето на човековите права и поддршка на реформата на ОН , како реакција на серијата скандали што во последно време ја потресоа светската организација.