1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Прашањето за атомската програма на Иран ќе се најде пред советот за безбедност на ОН

4 февруари 2006

Гувернерскиот состав на меѓународната агенција за атомска енергија на состанокот во Виена постигна согласност по предлог резолуцијата.

https://p.dw.com/p/AcW7
Од состанокот на ИАЕА во Виена
Од состанокот на ИАЕА во ВиенаФотографија: AP

27 земји членки на организацијата се изјаснија за, а само три беа против, Венецуела, Куба и Сирија. Резолуцијата праќа силна порака до Иран изјави бриатснкиот преставник Питер Џенкинс

„ Членовите на советот на гувернери не можат да разберат зошто Иран толку инсистира да има програма за збогатување ураниум .Тие побараа итен прекин на сите активности „

Опширен извештај за иранската атомска програма шефот на меѓународната агенција за затомска енергија Мохамед Ел Барадеи треба да испрати најдоца до 6 март. Во моментов сеуште не се разговара за санкции. Техеран експресно реагираше по веста од Виена. Висок владин преставник изјави дека Иран ќе ги ограничи инспекциите на ОН. Како одговор се најавува повторно активирање на процесот на збогатување на ураниум според индустриски терк

Заменик главниот ирански преговарач Џавед Ваеди изјави дека во Иран ќе стапи на сила закон со кој се суспендира доброволната имплементацијата на протоколот на меѓународните атомски власти за ненадејни инспекции и откажување од процесот на збогатување ураниум. Компромисот околу резолуцијата во Виена беше постигнат откако во нејзе беше вметнато барањето на Египет за создавање зона на Блискиот Исток слободна од нуклеарно вооружување.