Прекинат говорот на Николиќ на Газиместан
28 јуни 2014Реклама
Поголема група млади денеска го прекина говорот на претседателот Томислав Николиќ со извици „Го предадовте Косово“, „Томо Шиптару“ и „Вулине Шиптару“. Истовремено, друга група граѓани му аплаудираше на српскиот претседател со повици „Да живее Томислав Николиќ“, „Да живее Србија“.
Николиќ во повеќе наврати се обиде да ја смири ситуацијата со зборовите „Сите ние сме Срби“. Неговиот говор е прекинат, а полицијата не интервенираше. За време на говорот на Николиќ е фрлена и една петарда.
По собирот на Газиместан, спрскиот престедател се упати кон Грачаница, крај Приштина. Според предвиденото, тој таму треба да открие споменик на Милош Обилиќ, а планирана е и средба со претставници на косовските Срби.