1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Преставници на ОН се повлекуваат од Газа, Шарон под закани

20 јули 2004

ОН ќе ги повлече своите 20 преставници од Газа, плашејќи се за нивната безбедност. На Ариел Шарон му се заканува опасност од израелските екстремисти

https://p.dw.com/p/Ad8o
Ариел Шарон
Ариел ШаронФотографија: AP

Обединетите нации стравуваат од опасноста нивните преставници да станат жртви на вкрстен оган помеѓу палестинските милитанти и израелската армија.

Според Пол Мек Кен, портпарол на агенцијата на ОН која се грижи за палестинските бегалци, внатрешните апсења во Газа нема да помогнат за безбедноста, а особен проблем претставувал и присуството на израелско оклопно возило во близина на преминот кој го користеле и преставниците на ОН, кој предизвикувал истрели од палестинските милитанти.

Во меѓувреме началникот на израелската служба за безбедност Ави Дихтер предупреди дека на Премиерот Ариел Шрон му се заканува опасност од околу 200 еврејски доселеници од западниот брег и Појасот Газа, кои активно ја чекале неговата смрт. Тој не објасни што значи терминот "активно чекање", но додаде дека станува збор за млади луѓе , кои може да се сметаат за екстремисти. За Шарон е иронично што се наоѓа во ситуација да се брани од израелците за кои целиот живот го минал во нивна заштита. Заканите кон него зачестија, по подготовките за повлекување на израелската војска и доселеничките населби од појасот Газа.