1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

“Различно читање” на текот на седницата на Советот за безбедност на ОН

4 април 2007

Косовскиот премиер Чеку задоволен од поддршката за планот на Ахтисари. За косовските Срби седницата била охрабрувачка и влевала надеж дека Косово ќе остане во состав на Србија

https://p.dw.com/p/AdfW
Каква иднина за Косово?
Каква иднина за Косово?Фотографија: picture-alliance/ dpa

“Го поздравувам ставот на сите земји на ЕУ, вклучително Словачка, оти беа многу конструктивни. Го поздравувам и ставот на Кина, кој беше недефиниран, и која ова прашање го гледа како европско и најави дека ќе го поддржи европскиот став”, рече косовскиот премиер Агим Чеку за медиумите во Приштина оценувајќи ја седницата на Советот за безбедност посветена на Косово.

За рускиот став рече дека е купување на време, а не одбиивање на суштината на планот на Ахтисари. По оваа седница е јасно дека единствено решение за Косово е независност, иако ќе има постојани напори тоа да се попречува, вели Чеку.

Сосем спротивно "читање" на текот на седницата имаат косовските Срби. Нивните лидери оценуваат дека седницата донела не само охрабрување, туку и уверување дека планот на Ахтисари ќе пропадне, а преговорите меѓу Белгради Приштина ќе продолжат. Членот на белградскиот преговарачки тим Марко Јакшиќ изјави за агенцијата Бета дека седницата дала јасен сигнал оти нема да дојде до независност на Косово.

Што може да направи Кфор во сегашнава преодна фаза додека се решава прашањето за статусот? Командантот Роланд Катер за Дојче Веле рече: “Кфор може да го прави она што го прави веќе со години, имено ангажирано да се погрижи за безбедно опкружување. Тоа го правиме со добар успех. Мислам дека во нашата задача во догледно време нема ништо да се промени и во моментов не гледам никаква неопходност од тоа. За среќа, можем да констатирам дека ситуацијата на Косово е мирна, и покрај лесната напнатост”.

За тоа, пак, какви шанси за регионот се кријат во планот на Ахтисари, специјалниот кординатор на Пактот за стабилност на ЈИЕ Ерхард Бусек за нашава куќа изјави: “Прво - шанса да му се стави крај на проблемот што го кочи натамошниот развој на регионот. Нема смисла од 1999-та да имаме нерешено прашање и отсуство на перспектива. Во овој момент сме дојдени на пункт во кој мора да се отвори перспектива”.