1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Реaкција на предлогот за повлекување на Бундесверот од Босна и Херцеговина

31 октомври 2006

Германскиот министер за одбрана Франц Јосеф Јунг побара повлекување на германскиот Бундесвер од мисијата во Босна и Херцеговина. Гледиште кое го застапуваше и неговиот претходник, сега шеф на парламенрарната група на СПД во парламентот Петер Штрук. Сега и државниот секретар во министерството за надворешни работи Гернот Ерлер смета дека е оправдано да се размислува за редуцирање на мисијата на Бундесвер

https://p.dw.com/p/AdSZ
Гернот Ерлер, државен министер во министерството за надворешни работи
Гернот Ерлер, државен министер во министерството за надворешни работиФотографија: picture-alliance/ ZB

от во Босна и Херцеговина.

Вкупно 9000 војници на Бундесверот во моментов се ангажирано во странство. Тие се дел од мисиите во Авганистан, Конго, Либан или Босна и Херцеговина. Откако во германската јавност се појавија спорните фотографии на германските војници во Авганистан и се случи инцидентот на либанската граница се отвори дискусија за тоа дали војниците на Бундесверот се преоптоварени со сите мисии во странство, иако владата има намера да обучи и до 14.000 војници кои ќе бидат подготвени да делуваат во мисии во странство.

Државниот секретар во министерството за надворешни работи Гернот Ерлер, сепак смета дека и покрај успешноста на мисиите мора да се постават граници, тој за првата програма на германската телевизија изјави

„Бундесверот изведува ангажмани во девет различни мисии во странство, и тоа со големо признание во целиот свет, но едно не смее да се превиди и тоа е точно: Во моментов е така, што ако некаде во светот настане криза или конфликт, тогаш се бара ЕУ и во рамките на ЕУ се повикува Германија. Тоа беше така во Конго, сега и во Либан и ова се разбира не може вака да оди во недоглед, мора јасно да и се каже и на јавноста дека постојат граници.“

Министерот за одбрана Франц Јосеф Јунг во меѓувреме најави дека ќе настојува да е намали бројот на војниците на Бундесверот во Босна и Херцеговина, со оглед на подобрената ситуација во земјата. Дека намерата на министерот е Јунг е оправдана смета и државниот министер Ерлер, кој вели и дека е оправдано да се размислува за повлекување на војниците на Буднесверот од земјата. „Не станува збор за целосно повлекување, туку се работи за тоа како што и редовно се случува на Балканот, прво да се почне со воена мисија, потоа таа да се замени со полициски ангажман, и на крајот останува мисија за советување. А во Босна оправдано е да се каже, би морале да размислиме дали ни се потребни 6.000 војници.“ истакна Ерлер