1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Телефонските разговори со БиХ поскапи отколку со Хонгконг

Тахир Брќик10 ноември 2008

БиХ е една од земјите која нуди најскапи телефонски услуги. Така од Германија ви е поефтино да се јавите во САД или Австралија отколку во Босна. Вината е кај босанските оператори, тврдат германските компании.

https://p.dw.com/p/FqHQ
Ќе паднат ли некогаш цените на телефонските разговори со БиХ?Фотографија: dpa - Report

Германските телекомуникациски компании се огорчени. Причината за тоа се цените кои босанските оператори ги бараат од европските телекоми за своите услуги. Поради тоа, на пример, германскиот Телеком не е во можност на своите корисници да им понуди поволни цени за телефонирање во БиХ. „Замислете го тоа како тргување на пазарче. Колку повеќе тезги има, толку понудата е подобра. Ние за БиХ имаме само четири оператори со кои тргуваме. Се одлучуваме за оној кој ќе ни понуди најдобар квалитет на врските со најповолна цена по минута. Но, немаме голем избор, па така цените коишто ги нудиме најчесто зависат од босанските оператори,“ објаснува Марк Саусен, портпарол на германскиот Телеком.

Поголемиот дел од операторите без сопствена мрежа

Иако босанската Регулаторната агенција за комуникации, до сега издала 11 дозволи на операторите за пружање на фиксни јавни телефонски услуги, телекомуникациските компании од ЕУ и понатаму на босанските оператори им плаќаат релативно високи цени за минута. Зошто е тоа така ако постојат 11 оператори? Одговорот е едноставен. Проблемот е во тоа што поголемиот дел од операторите не поседуваат сопствена мрежа на линии, како што на пример има Босанскиот Телеком. Значи во Босна, во суштина и понатаму постојат три оператори кои ја поседуваат корисничката мрежа. Странските телекоми се принудени да соработуваат со регионалниот-ентитетски монопол во земјата. Во Република Српска тоа е Телеком Српска, во федерацијата е БХ Телком, а на просторот на Херцеговина, ХТ Мостар. Така што лесно ќе ви се случи во потрага по најповолниот оператор за телефонирање од Германија во БиХ, и понатаму за една минута разговор да треба да платите и до четири пати повеќе отколку да свртите во Хонгконг или Австралија.

Isolatoren
Голем дел од операторите немаат сопствени мрежиФотографија: AP