1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Трка со времето на хуманитарците во Пакистан

8 ноември 2005

И цел месец по катастрофалниот земјотрес во Пакистан помошта пристига премногу споро.

https://p.dw.com/p/Aev9
Наскоро хуманитарците нема да имаат што да делат
Наскоро хуманитарците нема да имаат што да делатФотографија: AP

Голема грижа на меѓународната заедница и на координаторот на нејзината помош, Јан Игеланд, им причинуваат преку 220.000 лица, кои живеат во планинските подрачја на Пакистан и тоа над снежната граница, до кои со напредувањето на зимата се стига се‘ потешко. А оваа според најавите на експретите ќе биде особено остра.

Трката со времето овој пат се претвора во вистински маратон со заканувачката „бела смрт„.

„Сега ќе има 30 сантимери снег, во декември ќе стане цел метар, а во јануари и преку два метра. Тоа е природата на оваа трка со времето„ – појаснува Јан Игеланд, координаторот на хуманитарната помош на ОН. Во такви услови во високите планински предели не се стига ни со хеликоптер, ни со запрега, ниту пак пешки.

Тој предупредува дека наскоро ќе снема и пари, така што хуманитарците на теренот нема да имаат ништо повеќе за дистрибуирање. Од потребните 550 милиони долари, уплатени се само 84 милиони.

„Хуманитарните организации би можеле да загубат здив на половина пат, наместо да итаат напред. Тоа би било многу трагично!„

Складиштата на ОН во Европа и Азија се веќе празни, бидејќи Светската организација во кус период беше соочена со четири големи природни катастрофи, како онаа со цунами брановите.

„Да имаше повеќе слики од туристи за време на земјотресот, повеќе слики како урнатини паднале врз деца, тогаш ќе имаше и поголема готовност за донации„ – смета Игеланд, кому му е истовремено јасно дека таква голема подготвеност како онаа поврзана со цунами катастрофата не може да очекува. Тогаш имаше неверојатно многу снимки, освен тоа сето се случи во времето околу Божиќ, кога во богатите Западни земји се слави големиот христијански празник. Конечно, голем број земји се решија на поголеми донации и затоа што тоа беше крајот на фискалната година. Но, и ако околностите не се толку поволни, Игеланд не се предава, туку нагласува дека има намера да го истрча маратонот против времето до крај. За успехот ќе можеме да судиме дури на крајот од зимата.