Смрзнат животот во Тексас
18 февруари 2021На жителите во повеќе од 100 окрузи во Тексас им беше кажано да зовриваат вода, бидејќи електраните продолжуваат да се соочуваат со неможноста да ги активираат своите системи.
Околу 12 милиони луѓе во Тексас, втора најнаселена американска сојузна држава со 29 милиони жители, немаат вода за пиење или повремено добиваат вода.
Околу 2,7 милиони домаќинства немаат електрична енергија, а метеоролошките служби предвидуваат дека поларните температури ќе продолжат до викендот, што ќе го отежни враќањето на електричната енергија, бидејќи Тексас за време на овој екстремно студен бран изгуби околу 40 проценти од капацитетот за производство на електрична енергија.
Покрај тоа, изворите и цевководи на природен гас, како и турбините, се замрзнати.
Болниците во Хјустон објавија дека немаат вода и се верува дека имало десетици смртни случаи токму поради ледениот бран.