Христијаните во Пакистан
3 ноември 2006�а во врска со Исламот. До толку е поважно, постојано да се прават обиди за дијалог, дури и ако условите за тоа се тешки, на пример односот во Пакистан кон неговото мало христијанско малцинство. Токму тоа е темата во рубриката „Дијалог на културите„:
Односот на силите е јасен и недвосмислен: Пакистан е исламска држава. Три проценти од неговото население се Христијани, односно најмногу 500 илјади луѓе во земја што има скоро 150 милиони Муслимани. Околу 95 проценти од Христијаните им припаѓаат на најниските слоеви во земјата, значи просјачки бедни. Тоа има историски причини, зашто христијанските мисионери во Индија, пред поделбата, беа најуспешните во најниската каста, таканаречените недопирливи. Но, и во Пакистан, кој нема кастински систем, каде што секој ужива во религиозна рамноправност, Христијаните најчесто се чувствуваат запоставени. Ангела на пример, е фрустрирана христијанка. Живее во Модел-таун во Лахоре. И нема чувство дека е рамноправна членка на пакистанската нација:
„Во целост сме запоставени, игнорирани. Можеме да имаме големи искуства и таленти, но тоа во ова општество е ништо. Не ни даваат подобра работа и не исклучуваат од повисокото образование„.
Ангела, заедно со нејзината тека, води училиште за најсиромашните меѓу сиромашните, за белите деца што живеат во сламовите на маргините на Модел-таун, кварт во Лахоре со христијанско население меѓу 15 до 20 проценти. Во социјалните институции постојано има многу христијани. Кога Ангела моли за малку леб за малите, за пари за чевли или учебници, постојано е навредувана – од малкуте богати христијани, подеднакво како и од богатите муслимани. Понекогаш сонува за мирен соживот на различните религии, но воопшто не се надева. Има огромна недоверба кон муслиманите:
„Посакувам да се исполни мојата желба за мир. Но, тоа е невозможно, едноставно не е можно. Оваа војна на религиите во светот никогаш нема да заврши. Војната продолжува. Таа желба никогаш нема да се обистини, освен кај Индусите. Тие се подготвени за компромис со другите религии и ги почитуваат христијаните и муслиманите. Муслиманите тоа не го прават„.
Во земја во која одвај 50 насто од населението учи да чита и да пишува, а многумина никогаш нема да видат училиште, опасноста од недоразбирања и растечка недоверба е огромна. Многумина муслимани во Пакистан избегнуваат контакти со христијаните. За нив христијанското почитување на отецот божји, на Исус Христос и светиот дух, значи претставата за тројност, е тешко разбирлива. Тие имаат впечаток дека христијаните освен Господ на кој му се молат и Муслиманите, имаат уште два бога.
Секако дека е тешко на необразованите да им се објасни сето тоа. Меѓутоа, не и невозможно смета една оптимистичка жена од Исламабад. Се вика Самена Имтиаз, муслиманка е, но се бори за меѓурелигиозен мир. Таа смета дека мир е можен:
„Идејата е важна и се вика: да се дозволи ширење на меѓурелигиозната хармонија. Тоа значи обете поделени религиозни заедници да работат врз заедничка платформа. Значи, да седнат, да ги расчистат недоразбирањата, да разговараат за разликите и да го бараат заедничкото. Тогаш ќе стигнат до тоа да се прифатат и да се толерираат. Едноставно, на овој свет мораме задно да живееме. Невозможно е да се води живот без другата религија. Мораме да научиме дека се додека ја делиме оваа планета, мораме да научиме да живееме во хармонија и мир„.
На еден семинар во ултра-конзервативниот Пешавар, Самена ги собра заедно христијанските свештеници и муслиманските религиозни водачи. Таму зборуваше за големите недоразбирања што треба да се расчистат:
„Точно е дека мало малцинство ја користи муслиманската религија како оружје за своите политички цели. Поради чивт екстремисти страда имиџот на Исламот. Овде сме заедно да ги расчистиме недоразбирањата и да ја коригираме погрешната слика за Исламот. Исламот како религија не ги разликува луѓето ниту според потеклото, кастата или слични категории„.
Оние што разговараат меѓу себе не се тепаат, кој учи од другиот, тој не се тепа. Така гласат кредото и надежта на Самена Имтиаз, подеднакво како и надежта на 99 проценти на сите муслимани, христијани и луѓе со други вери во светот кои за своите деца не сакаат ништо повеќе отколку мир.