26 удари на камбаните за жртвите од Њутаун
21 декември 2012Една недела по масакрот во училиштето Сенди Хук во Њутаун во државата Конетикат северно од Њујорк луѓето од градот и граѓаните на САД на многу места во земјата им одадоа почит на жртвите.
Во Њутаун, во 9.30 часот по локално време камбаните во спор такт удираа 26 пати, по еднаш за секоја жртва. Во исто време, пред една недела 20 годишно момче насилно влезе во основното училиште Сенди Хук и застрела шест жени и 20 деца. Најстарите деца беа на возраст од седум години.
Њутаун денеска потона во молк, знамињата се веат на половина копје. Според Белата куќа и претседателот Барак Обама зема учество во минутата молчење.
Во својата видеопорака до граѓаните претседателот информираше дека голем број граѓани ја поддржуваат иницијативата за зајакнување на законите за поседување на оружје. На лицата кои ја имаат потпишано интернет петицијата претседателот им порача: „Ве слушаме“. Обама го охрабрува и тоа што многумина кои поседуваат оружје сметаат дека би можеле да се преземат чекори кои ги зачувуваат правата на Американците и ги штитат нивните деца. „Ќе сторам се’ што е во моја моќ како претседател, да ги поттикнам ваквите напори“, порача Обама.