60 години од нацрт повелбата на ОН
21 август 2004“Најмоќните држави на светот треба да бидат пример како да се воспостави правда во меѓународни рамки. Принципот на правдата е основата на оваа повелба“.
Со овие зборови американскиот претседател Хари Труман ја зврши историската конференција во Сан Франциско од април до јуни 1945 година на која присуствуваа 51 земја основачи на Обединетите нации на која едногласно беше усвоена и нивната повелба. Точно два месеца заседаваа претставниците на земјите-учеснички на дебата за повоениот поредок, кој истовремено требаше да го отелотвори новиот светки поредок. Војната во Европа беше завршена, а капитулацијата на Јапонија само прашање на време. Но, претпоставка за сето тоа беа повеќе други конференции на сојузниците. Првите контури на една меѓународна организација се појавија уште за време на една средба меѓу Рузвелт и Черчил во 1941 година кога тие се согласија за атлантска повелба во која беа тематизирани правото на самоопределба на народите и забраната на насилството. Но, дури по јапонскиот напад врз Перл Харбур дојде до првиот поширок политички сојуз. 26 држави на 1 јануари 1942 година потпишаа една изјава на обедините народи. Во суштината таа беше насочена против Германија, Јапонија и нивните сојузници. По неколку меѓучекори, во август 1944 година во Дамбартон Оукс, во близината на Вашингтон дојде до пробив. Втората светска војна се уште татнеше, но се гледаше и нејзиниот крај, посебно кога на алијансата и успеа да се истовари во Нормандија, Црвената армија маршираше кон Запад, а Јапонија веќе не можеше многу да преземе против американските сили. Под водството на потсекретарот и подоцнежен американски министер за надворешни работи Едвард Стетиниус, претставници на четири сили – САД, Советскиот сојуз, Велика Британија и Кина, се согласија со текстот на нацрт-повелбата на Обединетите нации што ја предложија САД. На крајот на коференцијата на 9 октомври беа усвоени предлозите за создавање една заедничка меѓународна организација. Тие претставуваа темел за основачката конференција во Сан Франциско. Германскиот писател и носител на Нобеловата награда за литература Томас Ман, кој живееше во егзил во САД, во квечерината на основачката конференција ќе изјави:
“Никој не копнее толку по успех во Сан Франциско колку писател што би положил камен-темелник за мир меѓу народите, мир во слобода и правда“.