1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

60 години ОН

28 јуни 2005

По повод 60-годишнината од потпишувањето на Повелбата на Обединетите нации, генералниот секретар Кофи Анан повторно укажа на неопходноста од сеопфатна реформа на светската организација. „Никогаш претходно во историјата на Обединетите нации не биле толку потребни храбри решенија„ изјави Анан на скромната свеченост во седиштето на Обединетите нации во Њујорк.

https://p.dw.com/p/Acnp
Кофи Анан бара реформи на ОН
Кофи Анан бара реформи на ОНФотографија: AP

„Песната на мирот„ исполнета од хорот на Обединетите нации беше повод за генералниот секретар Кофи Анан токму на 60-годишнината од официјалното формирање на светската организација да упати повик погледот да се упати напред кон претстојните реформи:

„Во сите подрачја мораме да тргнеме напред: во развојот, безбедноста и човековите права. Никогаш порано во историјата на Обединетите нации не беа потребни толку смели решенија„.

Истовремено тој укажа на успесите на организацијата во минатото, пред се за мирот:

„Се обидовме да спречиме војни, да ги решиме конфликтите и да воспоставиме мир. Ги озаконивме човековите права и направивме се што е можно за човековото достоинство„.

Меѓутоа, Анан мораше да ги признае и пропусти:

„Имаме многу заслуги за мирот. Но исто така направивме и грешки. Најтешката беше веројатно нашиот колективен пропуст во спречувањето на геноцидот во Руанда„.

За поука од грешките и поставувањето на Обедиентите нации кон совремието, потребни се сеопфатни реформи за кои со месеци се дебатира. Големиот јубилеен самит во септември, вели Анан, е можност што се појавува само еднаш во рамките на една генерација:

„Во септември претседателите на држави и влади се повикани да ги донесат овие важни решенија. Да работиме заедно и да се погрижиме оваа единствена шанса да не биде пропуштена„, повика генералниот секретар.