You need to enable JavaScript to run this app.
Прескокни до содржината
Прескокни до главната навигација
Кон други страници на DW
Најнови видеа
Региони
Северна Македонија
Балкан
Германија
Европа
Рубрики
Политика
Економија
Општество
Животна средина
Панорама
Во фокус
Војна во Украина
Balkan Booster
Избори 2024
Најнови видеа
ТВ во живо
Реклама
Фотографија: DW
Фотографија: DW
Balkan Booster
Млади новинари од Балканот во потрага по нераскажани приказни од регионот!
Balkan Booster: „Да не постоеше, ќе требаше да се измисли“
Прескокни го блокот Сите содржини на оваа тема
Сите содржини на оваа тема
#dw_BalkanBooster: Работа, но и забава
Првиот тим кој ја заврши својата работа во рамките на овогодишниот #dw_BalkanBooster се Нусрах Хаџиќ од Босна и Херцеговина и Денис Тахири од Албанија. Еве ги нивните впечатоци:
#dw_BalkanBooster: Вино од автохтоно албанско грозје
Албанија произведува вино кое е 100% албанско, бидејќи се произведува од автохтоно грозје, кое гарантира навистина посебен вкус. Сето тоа благодарение на стакленик, каде што растенијата се тестираат за вируси. #dw_BalkanBooster
#dw_BalkanBooster: Барот Џони не е обичен
Барот Џони, иницијатива на Центар Џонатан, им дава можност на млади со Даунов синдром да се тренираат за работа и ги поддржува на патот кон вработување. #dw_BalkanBooster тандемот Нусрах и Денис испи кафе во овој бар во Тирана.
#dw_BalkanBooster: Чување на традицијата на ткаењето
Рајка Милатовиќ, наставничка во основно училиште во Подгорица, се бори да спаси од заборав еден стар занает. И, во тоа, како што се чини, и успева! #dw_BalkanBooster
#dw_BalkanBooster: Култура во една минута
Кога видел дека бетонот го „голта“ градот, кој инаку има големо археолошко наследство, Гери Ермири од Драч дошол на уникатна идеја - со „Култура во една минута“ да ја подигне свеста за чување на археолошкото богатство и да информира за историјата на градот. #dw_BalkanBooster
#dw_BalkanBooster: Со еко-торби против пластичните кеси
Архитектот и дизајнер од Подгорица, Митар Ракчевиќ, одлучи на свој начин да го намали количеството на пластични кеси во Никшиќ. Тој прави торби од еко-материјали. #dw_BalkanBooster
#dw_BalkanBooster: Грижи се за себе
Октомври е месец на борба против рак на дојка. Годишно ширум светот рак на дојка се дијагностицира кај околу два милиони жени. Тоа е еден од најагресивните облици на рак и ако не се открие навреме, стапката на смртност е голема. Невладината организација од Црна Гора, „Грижи се за себе“, соработува со приватни ординации за на жените да им обезбеди бесплатни или поевтини превентивни прегледи.
#dw_BalkanBooster: Сам свој газда
Земјоделството се исплати, тврди семејството Муховиќ од Горажде, Босна и Херцеговина. Тие работата во фабричките хали ја замениле со работа на свој имот. Таквото решение за егзистенција им носи поголем приход. Велат: Најдобро е кога си „сам свој газда“. #dw_BalkanBooster
#dw_BalkanBooster: Честитки со љубов од лицата со Даунов синдром
Само пет од 950 лица со Даунов синдром се вработени во приватниот сектор во Косово. Асоцијацијата „Даунов синдром Косово“ бара тоа под итно да се промени. Таа ги обучува за работа лицата со Даунов синдром, меѓу другото и со работилница за изработка на честитки. Вредните раце изработуваат честитки со многу љубов. #dw_BalkanBooster
#dw_BalkanBooster: Стерилизација и кастрација на уличните кучиња
„За животните“ е организација основана пред неколку години и цврсто си има зацртано за цел да го направи подобар животот на животните на Косово. Тандемот Албина и Милица ја посетија организацијата и ветеринарот кој се грижи за здравје и добробит на кучињата. #dw_BalkanBooster
#dw_BalkanBooster: Со игла за шиење до прва заработувачка
Она што на политиката понекогаш не ѝ успева ни со многу одлуки и мерки, на организацијата „Куќа на надежта“ ѝ успева „со игла за шиење“. Таа на жените од заедниците на Ромите и Ашкалите на Косово им обезбедува работа, приход и им укажува на важноста од едукација на нивните деца. #dw_BalkanBooster
#dw_BalkanBooster: Како да им се помогне на уличните кучиња и мачки?
Улиците на босанските градови се полни со улични кучиња. Енис Османовиќ смета дека проблемот може да се реши! Тој има вдомено веќе 200!
#dw_BalkanBooster: Слични проблеми
Ангела Рајчевска од Скопје е во Приштина. Заедно со Аргнеса Хаџијај трагаат по позитивни приказни и решенија за проблеми кои ги мачат Косовците, а кои и не се многу различни од проблемите на македонските граѓани. #dw_BalkanBooster
#dw_BalkanBooster: Уметнички дела за помош на луѓето во нужда
Шкурта Хаџиу ги продава своите уметнички дела за да им помогне на луѓето во нужда. Уметницата се бори и против дискриминација на луѓето со попреченост. #dw_BalkanBooster
#dw_BalkanBooster: Прва средба на Албина и Милица
Милица Радовановиќ е првпат на Косово. Во Приштина беше пречекана од Албина Кастрати. Иако е врнежливо, тандемот го почнува своето #dw_BalkanBooster патување и работа со добро расположение.
#dw_BalkanBooster: Работа за лица со инвалидитет
Армин Зец е еден од среќниците кои имаат работа во Босна и Херцеговина, наспроти својот инвалидитет. Погледнете ја неговата приказна која ја донесуваат Алем Бајрамовиќ и Андреј Скокиќ од #dw_BalkanBooster
#dw_BalkanBooster: Запознајте ги Алем и Андреј!
Алем Бајрамовиќ и Андреј Скокиќ се новиот #dw_BalkanBooster тим кој се јавува од Горажде. Се надеваме дека со ваква насмевка ќе ни ги донесат и следните три приказни од овој град на Дрина и од неговата околина.
#dw_BalkanBooster: Социјална градина Екологика
Дали сте слушнале за концептот социјална градина? Секој кој сака да сади сопствено овошје и зеленчук, а нема земјиште, тоа може да го прави во близина на Подгорица. Погледнете како функционира оваа идеја и колку таа е успешна! #dw_BalkanBooster
#dw_BalkanBooster: За твојот бизнис
Една третина од младите во Црна Гора се невработени. Заводот за вработување се обиде да најде решение за проблемот со „одлив на мозоци“ и го осмисли проектот „За твојот бизнис“, со кој се субвенционираат млади претприемачи. Александар Шестер е еден од нив. На работното место го посетија Јована Дамјановиќ и Енис Мехмети од #dw_BalkanBooster.
#dw_BalkanBooster: Запознајте ги Јована и Енис
Јована Дамјановиќ и Енис Мехмети се новиот #dw_BalkanBooster тандем кој ќе испраќа видеа од Подгорица.
#dw_BalkanBooster: Шанса да се покаже што се знае и умее
Оваа галерија е навистина единствена, зашто во неа се собираат и создаваат луѓе со ретки невромускулни заболувања. Покрај дружењето, тие со продажба на уметнички дела создаваат и дополнителен приход. #dw_BalkanBooster
#dw_BalkanBooster: Поздрав од Нови Сад
Запознајте го новиот #dw_BalkanBooster тандем, кој се јавува од Нови Сад. Сања Косовиќ и Ерлета Терпеза се две млади новинарки од Србија и Косово, кои ќе ни донесат приказни за креативни, локални решенија за проблеми во новосадската заедница
#dw_BalkanBooster: Во потрага по лажни вести
Лажните вести се голем проблем на медиумската сцена на Балканот. #dw_BalkanBooster ја посети новосадската организација „Fake News трагач“ која се занимава со откривање и деконструкција на лажни вести.
#dw_BalkanBooster: Дали си вакциниран/а?
Вакцинацијата на младите на возраст од 12 до 17 години во Македонија досега бележи минорни резултати. Целосно вакцинирани се само околу 3 отсто од учениците, соопшти пред неколку дена министерот за здравство Венко Филипче. #dw_BalkanBooster разговараше со млади од повеќе балкански држави и ги праша - дали си вакциниран/а или не, и зошто?
Платформата „Погон“ за подобра помош за жените во нужда
Пандемијата го влоши проблемот со насилство врз жените во светот. Македонските жени исто така трпат поголемо насилство од почетокот на пандемијата. За да им пружи подобра психолошка и правна помош и поддршка, граѓанската организација ЕСЕ ја создаде онлајн продажната платформа „Погон“. Дел од профитот остварен од зделките на платформата оди за помош на жените. #dw_BalkanBooster
#dw_BalkanBooster: Подари среќа, донирај компјутер!
Како на децата да им обезбедам компјутер, се прашуваа најголемиот дел од родителите на почетокот на корона-пандемијата. Дигиталната настава беше невозможна мисија особено за сиромашните. Борче Стаменов ним им донира компјутери. Собира половни компјутери од кои други луѓе кренале раце, ги поправа и им ги дава на оние на кои им се потребни. Неговиот повик „Донирај компјутер“ предизвикува големо ехо.
Лицата на Balkan Booster 2021
Млади од југоисточна Европа и оваа година се во потрага по нераскажани приказни. Запознајте ги!
#dw_BalkanBooster: Паметен медицински кревет
Пандемијата ги преоптовари здравствените системи ширум светот. Нема доволно негуватели и друг медицински персонал. Тоа го чувствуваат најдолго оние на кои им е неопходна секојдневна нега. #dw_BalkanBooster претставува решение за дел од проблемите на овие луѓе - паметниот медицински кревет „Илин“. Изработен е од компанијата „Елисиум центар“ и има функции кои постоечките медицински кревети ги немаат
#dw_BalkanBooster: Приказни за локалните херои
Бјанка Станковиќ од Скопје и Мајлинда Бајрами од Тирана оваа недела треба да работат на теми кои се занимаваат со барање решенија за проблеми во време на пандемија. #dw_BalkanBooster тандемот ќе трага по позитивни приказни и ќе разговара со локални херои. Ова се Бјанка и Мајлинда:
#dw_BalkanBooster: Купувате ли вода?
Каква вода пиете: купена или од чешма, или можеби директно од извор? #dw_BalkanBooster тимот Нусрах и Денис се позанимава со оваа тема и донесува нова видео приказна.
#dw_BalkanBooster: Креативноста се исплати
Амна Бегиќ е девојка од Хаџиќи, која со помош на својата креативност успеала да почувствува здив на финансиска независност. Погледнете ја нејзината приказна. #dw_BalkanBooster
#dw_BalkanBooster: Запознајте ги Нусрах и Денис
Нусрах Хаџиќ е 23-годишна девојка која сака фотографија и сликање, а очигледно и искачување по стрмните сараевски улици! Гостин неделава ѝ е Денис Тахири, новинар од Тирана. Тие ќе донесат приказни кои нудат решенија, зашто „со новинарство ориентирано кон решенија можеме да ги охрабриме луѓето да направат мали промени во своите заедници“, вели Денис. Следете го нивното #dw_BalkanBooster патување!
Фотографирање во сегашноста, фотографиите како од 19 век
Ретко кој денес не прави по неколку фотографии неделно со мобилен телефон и со помош на филтри за разубавување на фотографиите. Како би изгледале кога би се фотографирале онака како што ги фотографирале нашите прабаби и прадедовци? Тоа може да се искуси ако се застане пред камерата на Сашо Алушевски, единствен македонски уметник кој се занимава со фотографирање со мокар колодиумски процес.
#dw_BalkanBooster: Не биди ѓубре!
Што правите за заштита на животната средина? Прашање на кое активистите од „Не биди ѓубре“ одговараат: Редовно го чистиме она што го фрлаат несовесните граѓани. #dw_BalkanBooster ги следеше во текот на една нивна полноќна акција на улиците во Скопје.
#dw_BalkanBooster: „По работа, не ни се оди дома“
Лицата кои се на маргините на општеството во Србија и во Црна Гора многу тешко наоѓаат работа. Но, Давид и Марина со помош на „Каритас“ и магазинот „Лице на улицата“ сепак успеаја да се вработат и сега својот леб го заработуваат сами. Видеото го подготвија учеснички во ДВ проектот за млади #dw_BalkanBooster
#dw_BalkanBooster: Како ЕУ да им помогне на младите на Балканот?
Балканот се празни, многу луѓе се иселуваат во потрага по подобар живот и услови за личен развој. Како може ЕУ да помогне за запирање на иселувањето, особено на младите луѓе? Еве што за решенијата велат токму младите:
#dw_BalkanBooster: (Не)основан страв
Студентската учебна година во време на пандемија им беше веројатно најкомплицирана на бруцошите. Тие велат - и во проблемите имаше по нешто позитивно. #dw_BalkanBooster
#dw_BalkanBooster: На што помислувате кога ќе слушнете Југославија?
Словенија денеска одбележува 30 години независност. Тоа беше првата држава којашто се отцепи од Југославија и којашто го навести распадот на СФРЈ. Што денес мислат младите од регионот за државата во којашто никогаш не живееле? Нивните „сеќавања“ се многу живи.
#dw_BalkanBooster: Да се вакцинирам или не, прашање е сега!
Многу млади на Балканот сакаат да бидат вакцинирани, а меѓу причините често се наведува - слобода за патување! Еве што за #dw_BalkanBooster одговараат млади луѓе од регионот на прашањето: Сакаш ли да се вакцинираш?
#dw_BalkanBooster: Аргнесе и Александар станаа виртуелни пријатели
Аргнесе од Пеќ и Александар од Нови Сад беа косовско-српскиот тандем во #dw_BalkanBooster годинава. Заедничката работа ги претвори во виртуелни пријатели. На крајот на проектот се задоволни што проговорија за проблемите со кои се соочуваат младите на Косово и во Србија.
#dw_BalkanBooster: Место за креативци
Урнатини претворени во простор за креативци - Дорќол плац во Белград е место каде младите уметници можат да се изразат и создаваат. #dw_BalkanBooster
#dw_BalkanBooster: Се гледаме повторно!
Босанско-косовскиот тандем, Бранкица и Елион, не се сретнаа физички во текот на овогодишниот #dw_BalkanBooster, но сепак станаа пријатели. На крајот, со задоволни лица, велат: Ова беше убаво искуство и се гледаме повторно!
Социјален живот? Хммм...
Работа - дома, слободно време - дома, одмор - дома... Пандемијата донесе еднобојност во животот на сите, па и на нашите Бустеровци.
#dw_BalkanBooster: Нема дружби, нема излегување...
„Короната влијаеше ужасно врз мојот живот“, вели млада девојка од БиХ; „Откако почна пандемијата животите ни станаа потешки“, нагласува нејзина врсничка од Скопје. Младите се како „оковани“ во пандемијата. Каков им е социјалниот живот, праша #dw_BalkanBooster.
#dw_BalkanBooster: Како пандемијата ми го промени животот
Додека болниците се полнат со пациенти, а економиите тонат, помош од државите се бара гласно од сите страни. Но, во таа врева, гласот на младите како да е најтивок. #dw_BalkanBooster ги праша младите од Балканот - како коронавирусот ти го промени животот? Еве што велат дел од нив:
#dw_BalkanBooster е супер искуство!
Почнува новата сезона на проектот на Дојче Веле - Balkan Booster! Зошто да се пријавите? Одговор на ова прашање имаат младите кои веќе беа дел од оваа приказна. Погледнете што препорачуваат!
#dw_BalkanBooster: Се надеваме на средба во живо наскоро
Ова беше преубаво искуство, заклучуваат Матеја од Црна Гора и Денис од Босна и Херцеговина на крајот на својата #dw_BalkanBooster авантура.
#dw_BalkanBooster: Имаме сличен живот
Младите луѓе во Србија и во Албанија се уморни од истите стари предрасуди и здодевни стереотипи, велат Милица и Ригон, кои имаа многу интересни моменти додека работеа на своите #dw_BalkanBooster видеа.
#dw_BalkanBooster: „Сега книгите ми се најдобри пријатели“
Кафе со пријателите или книга? Што ви е подраго и како вие сакате да го минувате слободното време? Испратете ни свои фотографии во коментарите! А, во меѓувреме, погледнете ја приказната на Малбора и Драган! #dw_BalkanBooster
#dw_BalkanBooster: Што мислат младите за абортусот
Протестите против заострување на законот за абортус во Полска го донесоа абортусот во врвот на актуелните теми во Европа. Што мислат младите на Балканот околу прекинот на бременоста? #dw_BalkanBooster тандемот Аргнесе и Александар разговараше со млади луѓе во Косово и Србија.
Претходна страница
Страница 4 од вкупно 10
Следна страница