1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Турција ќе добие уште милијарда евра за сириските бегалци

ЕМФ / афп
17 декември 2024

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен најави дополнителна финансиска поддршка за сириските бегалци во Турција.

https://p.dw.com/p/4oFWl
Турција / ЕУ | Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган
Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на средба во Анкара, 17.12.2024Фотографија: TURKISH PRESIDENTAL PRESS SERVIC/AFP

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за време на денешната посета (17.12.) на Туурција најави „уште милијарда евра“, кои „се на пат за 2024 година“. Парите, според неа, треба да придонесат за „миграцијата и управувањето со границите, вклучително и доброволното враќање на сириските бегалци“.

Покрај тоа, парите ќе бидат искористени за финансирање на здравствената заштита и образованието на бегалците во Турција, објасни Фон дер Лајен во Анкара.

Претседателката на Европската комисија отпатува за Турција на средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Во фокусот на средбата била ситуацијата во Сирија по соборувањето на долгогодишниот владетел Башар ал-Асад. Исто како и ЕУ, Турција смета на враќање на сириските бегалци доколку ситуацијата во земјата се стабилизира.