Мокро карневалско славје
9 февруари 2024Овие карневалисти во Келн се целосно покриени со влажни конфети додека го слават отворањето на уличниот карневал во текот на вчерашниот ден во кој непрестано паѓаше дожд.
Во градовите на Рајна на западот на Германија во тек е зенитот на карневалската прослава. Таа започна вчера на 8 февруари на „Weiberfastnacht“ или Женски четврток, точно во 11 часот и 11 минути. Големи карневалски поворки ќе го преплават Келн, Дизелдорф, Бон, Мајнц и други градови на Розовиот понеделник (Rosenmontag), кој се смета за кулминација на уличниот карневал.
Сепак, времето годинава не им оди одрака на љубителите на карневалот. Германската метеоролошка служба издаде предупредување за делови од земјата каде се одвива карневалот поради обилни и континуирани врнежи од дожд.