1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаСоединети Американски Држави

Почит за Џими Картер

31 декември 2024

Знамиња на половина копје во Вашингтон поради смртта на бившиот претседател Џими Картер, кој живееше цел век.

https://p.dw.com/p/4ohVH
Знамиња на половина копје во Вашингтон поради смртта на бившиот претседател Џими Картер
Знамиња на половина копје во Вашингтон поради смртта на бившиот претседател Џими КартерФотографија: Kevin Lamarque/REUTERS

Лидерите ширум светот изразија тага поради смртта на поранешниот американски претседател Џими Картер. Американскиот претседател Џо Бајден и неговиот наследник Доналд Трамп го пофалија Картер како човек кој им го подобри животот на многумина. Со сочувство и морална јасност, тој водеше кампања за искоренување на болестите, се залагаше за мир, промовираше граѓански и човекови права, слободни и фер избори, помош за бездомниците и најсиромашните, рече Бајден.

Според неговата фондација, Картер починал во неделата на 100-годишна возраст во Плејнс, Џорџија, опкружен со своето семејство. Јавни погребни церемонии се планирани во Атланта и главниот град на САД, Вашингтон. Емпајер стејт билдинг во Њујорк беше осветлена во црвена, бела и сина боја во чест на Картер.