1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Скопје под снег

13 јануари 2025

Скопје облечен во бело руво - снегот донесе радости, но и проблеми на патиштата.

https://p.dw.com/p/4p5Sd
Северна Македонија снег Скопје
Скопје, 12.01.2025Фотографија: Umeys Sulejman/Anadolu/picture alliance

Почист воздух и огромни радости, особено за децата - снегот кој во текот на викендот го покри Скопје и остатокот од Македонија донесе и насмевки и проблеми, како прекини на сообраќајот на одредени патни правци и забрани за сообраќај за тешки товарни возила.

Највисока снежна покривка вчера беше измерена на Попова Шапка - 64 сантиметри снег, Маврови Анови - 50 сантиметри, Штип - 30 сантиметри, Тетово - 26 сантиметри и Крушево - 24 сантиметри. За следните денови се најавува стабилно и студено време, со ниски утрински температури кои наместа ќе се спуштат под -10 степени.