Германија: Конечно усвоен буџетот за 2024
2 февруари 2024Германскиот парламент- Бундестагот го усвои жестоко оспоруваниот буџетза тековнава година. За ова на денешната седница гласаа 388 пратеници, а против беа 279. Буџетот поддржан од партиите во владејачката коалиција- Социјалдемократската партија (СПД), Зелените и Либералите (ФДП) предвидува издатоци од околу 477 милијарди евра. Планирани се и до 39 милијарди евра дополнителни задолжувања, што математички одговара точно на горната граница за нови долгови- таканаречената „сопирачка за задолжување“ која е пропишана во Уставот на Германија. Бундестагот, претходно, со мнозинството од владејачката коалицијата, веќе го донесе законот за буџетско финансирање, со кој законски се обезбедуваат мерките за штедење.
Со задоцнување
Буџетот првично требаше да биде усвоен во декември 2023 година. Меѓутоа, пресуда на Сојузниот уставен суд ги осуети плановите на владејачката коалиција. Германската влада краткорочно мораше да затвори финансиски дупки во милијарди евра. СПД, Зелените и ФДП се договорија за програма за штедење која вклучува, меѓу другото, повисок данок на билети за патнички летови и постепено укинување на даночните поволности за земјоделскиот дизел за фармерите. Овие мерки ќе бидат имплементирани во посебен закон - кој, сепак, допрва треба да помине на Горниот дом на германскиот парламент- Бундесратот. Државните субвенции за електричните автомобили истекоа минатата година, само неколку дена по договорот. Освен тоа предвидени се и построги правила за социјалната помош за граѓаните