Историја: Китењето елки низ вековите
Изложба во Германскиот историски музеј во Берлин покажува со што Германците ги кителе своите божиќни дрвца од 19. век до денес. Како лампиони служеле од беспомошни ангели до политички симболи.
Нема Божик без елка
Чиста семејна идила: накителна елка на една слика од германско-холандскиот сликар Едуард Гезелшап. И поети и писатели како Жан Пол или Е.Т.А. Хофман во своите дела раскажуваат за детските радости околу богато накитеното дрво. Првите божиќни дрвца биле неосветлени. Дури подоцна почнуваат да се ставаат свеќи, со што елките изгледаат уште посвечено.
Од колачи до стаклени украси
Украсите за елките имаат долга традиција. Ако во 19. век се ставале јаболка, колачиња, ореви и шеќерни стапчиња, подоцна дрвата почнале да се китат со стаклени кугли и други украси од стакло. На фотографијата е познатата Златна купола од Ерусалим. Овој филигрански направен украс од стакло е од 2018 година. За разлика од порано, украсите не се изработуваат рачно, туку индустриски.
Мини-елка по пошта
За време на Првата светска војна се менуваат мотивите за украси. Наместо шарени кугли и убави ангелчиња, на божиќните дрва се бесат кугли во форма на бомби и гранати. Има и воени бродови и авиони. Ова дрвце, пак, е накитено традиционално. На фронтот било испратено по пошта во 1914 година.
Присвојување од страна на нацистите
Германците си ги сакаат своите божиќни дрва. Тоа, како што покажува и овој плакат на Хитлеровата младина од 1939 година, било искористено од страна на нацистите. Во времето на националсоцијализмот имало лампиони со нацистички симболи, како кукестиот крст. Меѓутоа, нема зачувана фотографија која сведочи за употребата на нацистички симболи на украсите.
Претопување на културните традиции
Украсите на дел од божиќните дрва во Германија се одраз на целиот свет. Покрај ангели или тешки шишарки, може да се најдат и Дедомразовци со кинески бради или уметнички фигури од Русија. Културните традиции се претопуваат. Тоа го покажува и оваа инсталација на Улрих Фогл и Еви Видерман со наслов „Божиќна згрченост“.