1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонска Бурата

Ана Арсеновска-Зафирова
30 ноември 2024

Деликатесното италијанско сирење Бурата, три години се произведува во скопско Р`жаничино. Изработката на македонската Бурата, е атракција и за студентите од Земјоделскиот факултет во Скопје. Мајстор Владо Ружин посакува таа да предизвика млади занаетчии и да продолжи да живее во Македонија.

https://p.dw.com/p/4nbYP

Скопското село Р`жаничино е единственото место во државата каде што се произведува бурата.  

Деликатесното италијанско сирење бурата, три години живее во Скопско Р`жаничино. 

Изработена од дланките на мајстор Владо Ружин, ветеринар по професија. 

„Буратата е ќесичка од моцарела, јас ја правам технологијата на Монте Кристо, полнета со страчатела. За да се направи буратата треба специјална храна за кравите, кои ќе дадат квалитетно млеко кое што ќе одговара за буратата што ние го контролираме тука, а после тоа е мајсторијата.“ 

„Се смета за најдоброто меко сирење на светот, а јас се обидувам и мислам дека успеав да ја направам најдобрата рачно изработена сицилијанска бурата“, вели Владо. 

Пред многу години си дал предизвик да ја направи првата бурата во Македонија. Со неуморно учење, денес ја имаме како ексклузивитет

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема