1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мицотакис: Мицкоски пред мене користеше Северна Македонија

ДТЗ
20 декември 2024

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис на состанокот на ЕПП во Брисел рече дека „добронамерното спроведување на договорот од Преспа е единствениот начин да се отвори европскиот пат за соседната земја“.

https://p.dw.com/p/4oPnf
Кирјакос Мицотакис
Мицотакис: Пред мене Мицкоски го користеше името Северна МакедонијаФотографија: Susana Vera/REUTERS

„Пред мене, на состанокот на ЕПП, Христијан Мицкоски го користеше името предвидено во Договорот од Преспа, односно Северна Македонија, кое е должен да го користи“, изјави грчкиот премиер Киријакос Мицотакис на состанокот на ЕПП во Брисел.

Според него, „добронамерното спроведување на договорот е единствениот начин да се отвори европскиот пат за соседната земја“.

Ваквата изјава предизвика интерес со оглед на фактот дека македонскиот премиер Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ изминатиот период ја избегнуваат употребата на уставното име и земјата ја ословуваат како „Македонија“. Тоа предизвика лавина реакции кај соседна Грција, којашто бара целосно почитување на одредбите од Преспанскиот договор, кој наложува употребата на придавката „северна“. 

Христијан Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ најчесто ја избегнуваат употребата на уставното име и земјата ја ословуваат како „Македонија“Фотографија: Petr Stojanovski/DW

„Провокација“ од Мицкоски  

Грчките медиуми потсетуваат дека непочитувањето на одредбите од Договорот од Преспа ќе има последици не само врз билатералните односи, туку и врз европскиот пат на Северна Македонија.

Тие ја оценуваат како провокативна изјавата на Мицкоски пред почетокот на Самитот ЕУ-Балкан во Брисел, кој порача дека „македонските граѓани и Македонија како држава го заслужуваат своето место со останатите 27 земји членки на ЕУ“. „Нашето место е токму тука, на истата маса заедно со нив, бидејќи ние споделуваме исти вредности и се бориме за исти вредности и веруваме во тие вредности, а тоа е да бидеме обединети во различностите“, рече Мицкоски во објавата на социјалните мрежи. 

Тој во четвртокот (19.12) во Брисел повтори дека секој кој ќе отвори тема за идентитетските прашања не му мисли добро на соседот, а уште помалку ги почитува европските вредности. „Во двата договора стои дека земјите-членки треба безусловно да нè поддржуваат. Македонија никому не оспорува ништо и не сакаме нас да нè оспоруваат“, вели Мицкоски.