Ако сакате да го почувствувате вистинскиот дух на Крушево, велат, мора да пробате крушевски локум. Со уникатен вкус и мекост, крушевскиот локум е препознатлив симбол на градот. Четвртата генерација на семејството Чонески продолжува да го негува ова вкусно наследство, кое е дел од Крушево и неговата историја.