1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудствоСеверна Македонија

Обдукција и ДНК анализи: Во Вања било пукано додека клечела

ДТЗ
20 декември 2024

ДНК анализите покажале дека на лепливата лента на устата на Вања има траги коишто одговараат на обвинетиот Велибор Манев. Девојчето клечело на колена кога било убиено.

https://p.dw.com/p/4oPay
Љупчо Палевски
Обдукција и ДНК анализи како докази: Во Вања било пукано додека клечелаФотографија: Petr Stojanovski /DW

Четиринаесетгодишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот велешанец Панче Жежовски претрпеле тешко психичко страдање пред да бидат убиени. Според обдукцијата и дел од доказите изведени пред кривичниот суд, двајцата биле застрелани во глава со куршуми со ист калибар - од 9 милиметри. 

Според доказите на Обвинителството, Ѓорчевска не се задушила во автомобилот, во којшто ја превезувале киднаперите по грабнувањето. Била жива кога пукале во неа од зад грб на далечина од половина метар. Во неа е пукано додека клечела, а во слична позиција бил убиен и Жежовски. 

ДНК анализи 

Анализата на ДНК-трагите од самолепливата лента којашто била пронајдена на устата на девојчето, покажала дека има траги коишто одговараат на обвинетиот Велибор Манев.

На изминатите рочишта сведочеа семејствата на убиените како и повеќе лица вклучени во истрагата за двете убиства, меѓу кои инспектори и членови на политичката партија „Десна“.

За случајот се обвинети Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски. Тие на првото рочиште се изјаснија дека не се виновни. 

Според обвинението, тие испланирале грабнување на 14-годишното девојче со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Панче Жежовски во Велес, пак, бил грабнат со намера да го присилат да им го даде возилото „цитроен“, коешто подоцна е искористено за грабнување на Вања.  

Вања и Панче беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември. Нивните тела беа пронајдени во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.